Конкурс

Повик за младинската размена “Be professional in Audio-Visual”

РРОМА & Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

РРОМА објавува повик за младинската размена “Be professional in Audio-Visual” која што ќе се оддржи од 02 до 12 јуни 2018 година, во младинскиот камп Марабу, Милковени, Романија.

Целта на проектот е преку заеднички напори и соработка на младите Роми и не-Роми да претстави примери на соработка, комуникација, анти-дискриминација и социјално вклучување на младите. Тргнувајќи од претходните искуства сакаме да направиме повеќе од она што досега го направивме и научивме од младите луѓе, и од искуствата на другите земји кога станува збор за аудио-визуелно изразување. Веруваме дека преку аудио-визуелно изразување во вид на емитувања на пораки и медиумски активности можеме да влијаеме врз намалувањето на негативните ставови врз одреден дел на населението и да генерираме прифаќање на различностите, особено на Ромите.

Проектот им помага на младите да откријат нови вештини, да ја подобрат комуникацијата преку аудио-визуелно изразување на своите чувства и во секоја порака да пренесат идеја за промена, толеранција и прифаќање, да ги откријат придобивките од учеството во Еразмус плус програмата и да им ја ги покажат својата култура на другите учесници од Романија, Шпанија, Италија, Турција и Бугарија.

Младинската размена се оддржува од 02 до 12 јуни 2018 година, во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија, каде што 1 и 13 јуни се предвидени денови за патување. Размената е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади од 18 до 30 години
  • Младински активисти, волонтери, уметници …
  • Работен јазик е англиски јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Комуникативни млади, со желба за нови знаење и развивање на своите аудио-визуелни вештини

Трошоците поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 25 мај 2018 година, 18:00 часот!


Ви благодариме на покажаниот интерес!

 

Оргинален пост ( РРОМА )

Прикажи Повеќе

Поврзани постови

Close