Конкурс

Првата младинска размена “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”

РРОМА & Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

РРОМА објавува повик за првата младинска размена „Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, која што ќе се оддржи од 21 до 30 јуни 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Темите кои што се опфаќаат се: младинското вработување и кариерното советување на младите, како важни фактори за осамостојување и зајакнување на младите. Кариерното насочување и изборот на образование е важен дел од животот на младиот човек. Токму за таа цел младинската размена им помога на младите Роми и не-Роми полесно да се вклучат во општеството и бидат активни граѓани. Но, исто така да научат како се гради кариера и како да се справат со процесите на барање на работа и вработување.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади од 16 до 22 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 16 јуни 2018 година (сабота), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

 

Оргинален пост ( РРОМА )

Прикажи Повеќе

Поврзани постови

Close