Конкурс

Повик за младинската размена “Come to know us!”

РРОМА & Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

РРОМА објавува повик за младинската размена “Come to know us!” која што се оддржува во Решица (Resita), Романија од 01.07 до 12.07.2018 година.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата. Целта на размената е да се научат визуелни методи, како на пример изработка на графити во борба против стероетипите и предрасудите.

50 Учесници ќе имаат уникатна можност да работат во мултикултурна атмосфера заедно со останатите учесници од Романија, Македонија, Грција, Литванија и Италија, научат повеќе за културите на тие земји, да учат за Ромската култура и традиција и заеднички преку употребата на неформално образование научат корисни методи за адресирање на дискриминацијата и борбата против предрасудите и стереотипите!

Младинската размена се оддржува од 1 до 12 јули 2018 година, каде што 30 јуни и 13 јули се денови предвидени за патување, односно пристигнување и заминување од Романија.

На повикот можат да се пријават:

  • млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години, средношколци, студенти …
  • младински работници, волонтери, уметници…
  • работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • дел од размената вклучува учење на визуелни артистички методи и интеркултурно учење
  • посета на урбани и рурални средини и разговори со младите од тие места

Трошоците поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 25 јуни 2018 година, 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

 

Оргинален пост ( РРОМА )

Прикажи Повеќе

Поврзани постови

Close