Конкурс

Повик за младинската размена ROSA – Roma Storytelling Adventure

РРОМА & Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Повик за младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure”
Posted on by RromaKratovo in Конкурси, Новости

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure” која што ќе се оддржи од 25 јули до 5 август 2018 во Солун, Грција. Учесниците ќе престојуваат во Хотелот http://www.philippion.gr/.

Целта на младинската размена е учесниците да се запознаат со концептите на идентитет, човекови права, правата на малцинствата, а во исто време да ја запознаат Ромската заедница и култура и да ги кршат постоечките стереотипи.

Учесниците ќе имаат единствена можност да учествуваат во работилници за дигитално раскажување на приказна – театар, пишување на сценарио – режија, видео продукција и едитирање се со цел да се промовираат човековите права и правата на малцинствата.

Исто така, на крајот од младинската размена ќе ги прикажуваат своите кратки филмови на локалната заедница во Солун.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На проектот учествуваат 42 млади од 6 европски држави (Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Шпанија), кои што ќе престојуваат и работат во Солун од 25 јули до 6 август 2018 година (6 август е ден за заминување на учесниците).

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и Не-Роми од 18 до 25 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 9 јули 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Оргинален пост ( РРОМА )

Прикажи Повеќе

Поврзани постови

Close