Конкурс

Здружени сили за заеднички интереси повик организации

Кхам Делчево

„Здружени сили за заеднички интереси“ распишува повик за граѓански организации

НВО КХАМ Делчево, како менторска организација за проектот, во соработка со Општина Делчево ги организираше и менторираше четирите форумски сесии, чија што цел беше граѓаните да ги лоцираат проблемите, да бараат решенија за истите и на крај да ги приоретизираат. Во изминатиот период, се рабореше во 4 работни групи од обласитите: образование, здравство, урбанизам , просторно планирање и заштита на животната средина, како и спорт и култура.

Произлегоа навистина интересни предлози. Од областа на образование како приоритет граѓаните го избраа решевањето на проблем во ОУ„Св. Климент Охридски“. Имено се работи за ставње на под во 3 училници во оваа училиште.

Од областа на здравството како приоритет се избра проблемот со искривување на р,бетот на деца на возраст од 6-12 годишна возраст. Предвидени се работилници со родители и предавања од стручни лица во училиштето со наставниците, децата и родителите.

Од областа просторно планирање и заштита на животната средина, како приоритет граѓаните избраа набавка на машина за чистење на канализација.

Од областа спорт и култура, приоритет се даде на обележување на пешачка патека до планината Голак.

Освен овие, беа начнати и многу други проблеми, како набавка на апарат за мерење на амбиенталниот воздух, набавка на громобрани , набавка на монтажна пластифицирана подлога за кошарка во категорија 3х3 за играње на нова олимписка дисциплина, опремување на сала за венчавки и одржување на седници на Советот на Општината.

Градењето на коалиции на граѓанските организации со институциите е една од главните цели на проектот.

На овој повик ќе можат да аплицираат граѓански организации кои се регистрирани во општина Делчево, а последниот збор околу доделувањето на грантот ќе го има донаторската комисија. Да потсетиме дека се работи за сретсва во висина од 300.000 до 360.000 денари

Сите оние проекти, кои што нема да бидат финансирани, ќе влезат во акцискиот план на општината за 2019 година.

Апликацијата можете да ја погледнете на следниот линк http://jointforces.eu/povik-za-mali-grantovi-2/

Прикажи Повеќе

Поврзани постови

Close