Конкурс

Повик за младинската размена Active citizen & volunteer

РРОМА & Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Active citizen & volunteer”, која што ќе се оддржи од 24 јули до 3 август 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е на учесниците да им овозможи да го разберат концептот на активен граѓанин и да учествуваат активно во процесите на носење одлуки кои ги засегаат на локално ниво.

Учесниците од Македонија, Романија, Унгарија и Италија ќе учат заеднички во интеркултурна средина за концептите на активно граѓанство и волонтерство и ќе имаат можност низ активности од сферата на неформалното образование да научат за оксфорд дебата, форум театар, играње улоги, и да ги подобрат своите презентациски вештини.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 24 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 16 јули 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

 

Оргинален пост ( РРОМА )

Прикажи Повеќе

Поврзани постови

Close