Конкурс

РРОМА – Активни повици за младински размени

РРОМА & Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Летото е за дружба, интеркултурно учење и забава … придружи се на некои од младинските размени на РРОМА и дружи се со младите луѓе од различните европски држави, научи нови работи преку неформално образование и забавувај се со твоите нови пријатели/ки во некоја европска земја!

Во моментов се активни следните младински размени:

– Младинската размена “Active citizen & volunteer” https://goo.gl/KkY6rU. Учесниците од Македонија, Романија, Унгарија и Италија ќе учат заеднички во интеркултурна средина за концептите на активно граѓанство и волонтерство и ќе имаат можност низ активности од сферата на неформалното образование да научат за оксфорд дебата, форум театар, играње улоги, и да ги подобрат своите презентациски вештини.
Краен рок за аплицирање 16 јули 2018!

– Младинската размена “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking” https://goo.gl/CqKMBN. На оваа младинска размена, учесниците ќе имаат можност да се дружат со млади од Македонија, Германија, Романија, Франција, Турција, Унгарија, Италија и Бугарија. И да дознаат како да направат свое CV, да напишат мотивационо писмо, како да се однесуваат при интервјуирањето за работа итн.
Краен рок за аплицирање 6 јули 2018!

– Младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure” https://goo.gl/ks9EW9 на која што ќе учествуваат млади од Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Шпанија. Единствена можност за учество во работилници за дигитално раскажување на приказна – театар, пишување на сценарио – режија, видео продукција и едитирање се со цел да се промовираат човековите права и правата на малцинствата.
Краен рок за аплицирање 9 јули 2018 година!

– Младинската размена “Colours”https://goo.gl/BzwfbP на која што учествуваат млади од Македонија, Романија, Унгарија, Полска, Грција, Шпанија, Белгија и Франција. Можност да учење за тоа што претставува сексуален идентитет, пол, припадност, како и што значи хомофобија, трансфобија и како можат да се адресираат истите преку рамката за човекови права.
Краен рок за аплцирање 20 август 2018 година!

Ве очекуваме!!!

 

Оргинален пост ( РРОМА )

Прикажи Повеќе

Поврзани постови

Close