Конкурс

Повик за EVS волонтери во Солун, Грција

РРОМА & Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Повик за 2 волонтери за проектот “ROMA BOTS” 2018-1-EL02-KA125-00410, односно за европски волонтерски сервис во Солун, Грција.

Волонтерите ќе започнат со нивниот сервис од октомври 2018 година. Проектот има 2 акции и секоја од нив трае 10 месеци.

Трошоците поврзани со реализацијата на проектот се покриени од страна на организаторите и Еразмус плус програмата.

Акција 1

Акција 1 има врска со образовната роботика како иновативна и алтернативна алатка за едукација на млади луѓе. Преку оваа акција сакаме да ги запознаеме младите луѓе со образовната роботика и нејзината употреба. Оваа акција е за 3 волонтери од Романија, Унгарија и Македонија. Организација-домаќин на оваа акција е “eduACT” од Солун. Повеќе информации можете да најдете во инфо-пакетот тука.

Акција 2

Акција 2 има врска со поддршката на младите Роми преку креативни активности како музика, спорт, часови по јазици, работилници и други. Оваа акција е за 3 волонтери од Романија, Унгарија и Македонија. За оваа акција, организација-домаќин е “Lighthouse of the World” од Солун. Повеќе информации можете да најдете во инфо-пакетот тука.

Бараме волонтери/ки …

  • од 18 до 30 години
  • Роми и не-Роми
  • да имаат валиден пасош со најмалку 12 месеци на важност по завршувањето на нивниот сервис
  • да имаат искуство во една од горенаведените акции
  • да зборуваат англиски јазик

Можете да се пријавите на повикот, потполнувајќи ја првичната апликација на линкот до 27 август, најдоцна до 18:00 часот! Учесниците кои што ќе влезат во потесниот избор за волонтер ќе бидат поканети на интервју од страна на РРОМА.

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

 

Оргинален пост ( РРОМА )

Прикажи Повеќе

Поврзани постови

Close